На прашањето што предлагаат учениците да се направи за да се намали консумацијата на алкохол и на цигари кај младите, тие одговориле да се почитува правилото за забранета продажба на лица под 18 години. Педесет и осум отсто од средношколците на петнаесетгодишна возраст се пушачи, 39 отсто консумирале алкохол, а на 87 отсто од нив не им била побарана лична карта кога купувале алкохол или цигари. Ова го покажуваат резултатите од анкетата спроведена во училиштето за средно образование „Арсениј Јовков“. Учениците што биле анкетирани се на возраст од 15, 16 и 17 години.