.

НИЕ СМЕ НАЈДОБРИ

niesmenajdobri

 

Проектот „Ние сме најдобри“  се одржа во корелација со Центарот за креативен развој, Град Скопје, OSCE во Скопје и Универзалната сала од Скопје. Со реализацијата на овој најголем средношколски фестивалски АРТ - проект учениците ги стимулираа и анимираа своите креативни капацитети.

Од нашето училиште учествуваа голем број ученици со мешан етнички состав. Овој настан се одржа на 13.12.2014г. и учениците се натпреварува во категориите: музика, театар, филм, фотографија, мода и танц. За секоја од категориите учениците посетуваа разновидни, интересни, корисни и практични обуки, предавања и работилници со реномирани истакнати и препознатливи домашни артисти. Во категоријата фотографија учествуваа учениците: Оља Мајнова, Ивана Андреева и Един Халим. Учениците освоија прво место на тема “Сите во акција за безбедни училишта”. Во категоријата музика учествуваше ученикот Иван Серафимовски како соло изведувач; Во категоријата танц учествуваа учениците: Јован Стојановски, Анес Љата, Елена Велкова и Марија Петревска; Во категоријата театар учествуваа учениците: Вероника Ивчева и Мартина Павличков со драмата “Пиреј”.  Одговорен ментор за сите активности беше професорката Даниела Николовска.

Марија
Дренковска - Стојановска

 

BRO-baner-14a

 

matura-baner-14

 

2 Logo DIC

 

CSOO-14-web

 

header-mk

 

 

fb