.

БЕСПРЕКОРНА ИГРА НА ФУДБАЛЕРИТЕ ОД “АРСЕНИ ЈОВКОВ“

fudbalslika

Машката фудбалска екипа на “Арсени Јовков“ предводена од професорот Марко Бајевски ги руши сите рекорди. Во групната фаза со максимален број бодови, екипата на “Арсени Јовков“ се пласираше во четвртфиналето на турнирот каде што учество земаа сите средни училишта на Град Скопје.

Нашата екипа силите ги одмери со СУГС “Орце Николов“, момците одиграа извонредно и не дозволија изненадувања. Една од подобрите екипи падна со резултат од 5:1.

Повеќе: БЕСПРЕКОРНА ИГРА НА ФУДБАЛЕРИТЕ ОД “АРСЕНИ ЈОВКОВ“

БРОНЗЕН МЕДАЛ ВО ВИТРИНИТЕ НА „АРСЕНИ ЈОВКОВ“

Во салата Расадник во Кисела Вода, ечеше публиката која во текот на целиот натпревар ја бодреше екипата на Арсени Јовков. Ова е голем успех за нашето училиште, кое во витрините донесе нов медал

Со колку голем ентузијазам беше организирана оваа учебна година од професорите по спорт и спортски активности, докажува и фактот што СУГС “Арсени Јовков”, не пропушти ниту едно полуфинале, во натпреварите организирани во фудбал,кошарка, одбојка.

Машката екипа предводена од професорот Марко Бајевски ја совлада екипата на СУГС “Кочо Рацин”, со убедливи 7-3 и ја зацврсти третата позиција на ниво на град Скопје. Во салата Расадник во Кисела Вода, ечеше публиката која во текот на целиот натпревар ја бодреше екипата на Арсени Јовков. Стрелци на головите за победничката екипа беа – Кривањева Бесарт (2), Растодер Един (1), Мустафа Артан (4). Ова е голем успех за нашето училиште, кое во витрините донесе нов медал.

За екипата настапуваа - Кривањева Висар, Растодер Един, Попзлатанов Јован, Селмани Џеват, Мустафа Артан, Кривањева Бесарт, Укшини Дионис и Реџалари Амар.

Екипата упати голема благодарност до сите другари, професори, но посебна благодарност и до директорката на училиштето, госпоѓа Јованка Аспровска, која ги поддржуваше нашите фудбалери.

Пишува – Алмин Смајовиќ III-11

maska ekipa

Марија
Дренковска - Стојановска

 

BRO-baner-14a

 

matura-baner-14

 

2 Logo DIC

 

CSOO-14-web

 

header-mk

 

 

fb