ДЕН БЕЗ АВТОМОБИЛИ
Со велосипедска парада Градот Скопје го одбележа 22 септември - Меѓународен ден без автомобили. Парадата старуваше во 12 часот на плоштадот Пела и движеше низ центарот на градот: Плоштад “Македонија” – ул. “Македонија” – бул.” Димитрија Чупоски” – бул. “ВМРО” – бул.” Илинден”, а ќе заврши кај Градски Парк кај Школка.
НИЕ СМЕ НАЈДОБРИ
Проектот „Ние сме најдобри“ се одржа во корелација со Центарот за креативен развој, Град Скопје, OSCE во Скопје и Универзалната сала од Скопје. Со реализацијата на овој најголем средношколски фестивалски АРТ - проект учениците ги стимулираа и анимираа своите креативни капацитети.